речник контакт

Верижен судар на три возила на АРМ

Сообраќајката се случила на наплатна рампа Сопот. Четворица полесно повредени војници, згрижени во велешка Болница

Петар Печков

На пладне сообраќајка верижен судир   на три возила на македонската армија. Се случила во близина на наплата рампа Сопот, на автопатот Скопје  -Велес. Во сообраќајката четворица припадници на АРМ се повредени. Сообраќајката се случила околу 11 ч. Според МВР,  во сообраќајната несреќа учествувале три возила на АРМ, кои се движеле во конвој на редовни вежби на армискиот полигон Криволак.

На наплатна станица „Отовица“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале оклопен транспортер БТР со ознаки на АРМ, управувано од И.Н. (36) од Кочани, оклопен транспортер БТР со ознаки АРМ, управувано од И.Т.(37) од сeло  Плешанци, пробиштипско и СВВ Дефендер со ознаки на АРМ, управувано од Д.А.(32) од  село Кадино, скопско. По незгодата со возило на воена полиција, сопатниците на горенаведените возила, З.М. (38) од село Волково, скопско, Г.Д. (41)  од село Облешево, кочанско, Д.М. (31) од Тетово и Р.Д. (30) од село Љубодраг, кумановско, се пренесени во Здравствена установа Велес, каде им биле констатирани телесни повреди - информираа од МВР. 

Според првичните сознанија, несреќата се случила кај наплатната рампа кај езерото „Младост“, кога на едно од возилата во колоната  - оклопен транспортер му откажале кочниците. Тоа удрило во возилото пред него, исто така оклопен транспортер кое во моментот било застанато. Од ударот второто возило се придвижило и удрило во трето моторно возило -дефендер. Во верижниот судир еден офицер и четворица војници на АРМ се здобиле со лесни телесни повреди, кои им биле санирани  во болницата во Велес, по што тие дале исказ пред јавниот обвинител – стои во писмената информација на Јавното обвинителство од Скопје, кое го работи случајот.  

Во инцидентот причинета била  незначителна материјална штета. Дежурниот јавен обвинител издадал  Наредба за вонреден технички преглед на моторните возила кои учествувале во несреќата, со специјални насоки да се проверат уредите за управување и сопирање.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »