речник контакт

Верниците од муслиманската вероисповед го слават Рамазан

За верниците од муслиманската вероисповед започна Рамазан, месец на пост, молитви, милост и простување.

Петар Печков

Рамазан се слави 30 дена, време во кое ќе постат, ќе се воздржуваат од храна, од пијалоци, од лоши мисли и дела.

Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето. Секој ден во текот на месецот Рамазан, муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат оброк пред зората и да обавуваат молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва. Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот повик за молитва.

Рамазан е деветти месец од лунарниот, муслимански хиџретски календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.

Постои верување дека со почетокот на месецот Рамазан се отвораат вратите на џенетот (рајот), а вратите на џехенемот (пеколот) се затвораат, додека шејтаните (ѓаволите) се оковани.

Според верувањето 27-та ноќ од Рамазан е најзначајна во годината бидејќи во текот на ноќта почнала објавата на Куранот.

Јадењето и пиењето дозволено е во текот на целата ноќ. Од постот ослободени се децата, бремените жени, доилките и болните луѓе. Според Куранот, Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »