речник контакт

Весна и Ристе се венчаа (фото)

Венчавката ја изврши Владиката Агатангел и седум други свештеници

Петар Печков

Актерката Весна Димитровска Бобевски и Ристе Бобевски се венчаа во црквата Св. Богородица.  На празникот на Св. Јоаким и Ана, Весна и Ристе  стапија во црковен брак. Овој чин го изврши Владиката Агатангел во сослужение со седум други свештеници од велешкото архиерејско намесништво.  На  црковната венчавка присуствуваа најблиските роднини на младоженците.

Ова е возвишено чувство, што еднаш се случува во животот.  Се надевам дека ќе не следи Божјата помисла натаму  во животот, до крајот  – рече Весна Бобевски. 

Од денес  сме  постојано заедно и во добро и лошо, да се надградуваме, да се сакаме. Со нови обврски  да се тешиме и надополнуваме  – рече  Ристе Бобевски.

По венчавката за роднините имаше мала семејна  интима прослава.  Свадбената облека, фустанот за невестата и кошулата и панталоните за младоженецот беа набавени за оваа пригода во Италија. Кумството е старо стотина години од фамилија Андоновски, сега  преку ќерката мажена Панчевски а старосватица беше  оперската певица од Велес Веселинка Маџарова. Девер беше Аце Пановски кој е и главниот виновник за спојувањето на Весна и Ристе.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »