речник контакт

Ветерот во Велес вчера попладне оштети две возила

Што се е регистрирано како штета од вторничното невреме. Нема пријави за повредени лица

Петар Печков

Вчерашното, вторник попладне, невреме кое беше од силниот ветер предизвика штети на неколку локации во Велес.

Според досега расположливите информации во  СВР Велес пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.

Велешките пожарникари во 19ч. интервенирале на оштетен, кренат кров на дел до Трговскиот центар во Нова населба. Тие ја отстраниле опасноста по граѓаните.

Според Центарот за управување со кризи, во делови на општина Чашка, општина Лозово има прекини во снабдувањето со струја, поради оштетување на електроенергетската инфраструктура. 

Во службата за Итна помош нема пријави од граѓани за повредени лциа по вчерашното попладневно невреме.

Паднато дрво има во селото Извор.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »