речник контакт

Вечерва, сабота, премиера на монодрамата „Исмена“ во велешки театар

Монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова е во изведба на Моника Ставревска

Петар Печков

Вечерва, сабота, велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов  Џинот“,   во 19 часот, ќе ја изведе монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова. 

Монодрамата е во   изведба на  актерката Моника Ставревска, музиката во живо ја исполнува  Сашко Костов. Дизајнот на плакатот и промотивниот материјал се на Филип Коруновски.   Праизведбата  на монодрамата се игра на сцената „Петре Прличко“.  

Авторите кажаа  дека во претставата се зборува за прашањата за потеклото и немоќта да се избега од сопствениот корен, за потребата да се одговорат егзистенцијални прашања преку соочување со минатото и непознатото во него, кое има лик на стапица за заробување на душата.

Ова е трета годинешна премиера во велешки театар,  првата беше во јануари на „Сестрите Прозорови“ па во февруари претставата „Сара“.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »