речник контакт

Вечерва на Стоби ,,Геноцид 21 ,, на Драмски

Текстот има христијанска нишка, низ него се провлекува идејата на покајание и идејата на простување и тој е длабоко патриотски.

Петар Печков

Вечерва со почеток во 21 часот на Фестивалот на античка драма Стоби ќе биде изведена претставата ,,Геноцид 21,,  на текст од Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров а во продукција на Драмски театар од Скопје. Во  ена играат Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски. Низ текстот се раскажува за аутопсија на еден злочин, на дете од пет години извршено од Елените,  врз внукот на Хекуба, кралицата на Троја. 

Текстот има христијанска нишка, низ него се провлекува идејата на покајание и идејата на простување и тој е длабоко патриотски. Јас и колегата Муратовски сме  ѕверови, Агамемнон и Хекуба заборавени од сите во една стапица. Во целата приказна се џелатот и жртвата и сменувањето на улогите. Текстот е поезија за играње, тешко совладлив и менување на само една запирка, ја менува смислата и концепцијата – вели Јелена Жугиќ.

Ова е трета претстава од годинешната програма на  фестивалот  ,,Стоби,, истовремено и трето гостување на Драмски театар  во изминатите десет години од неговото постоење.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »