речник контакт

Виена повторно е најдобар град за живеење во светот

Избрана е по деветти пат.Одлучувачки добрата безбедносна ситуација, одлично мрежа на јавен превоз и многубројните културни институции и можности за организирање на слободното време на жителитет

Петар Печков

Никаде на светот не се живее толку добро како во Виена, се наведува во извештајот на меѓународната консултантска компанија „Мерсер“, која по деветти пат ја избра австриската метропола за град со најдобар квалитет на живот, во конкуренција на 231 град од светот. 

За овогодишната титула најдобар град за живот пресудни биле добрата безбедносна ситуација, одлично структурираната мрежа на јавен превоз и многубројните културни институции и можности за организирање на слободното време на жителите.

На второто место се најде Цирих, додека третото место го делат Минхен и Окланд од Нов Зеланд. На последно место се најде Багдад.

„Мерсер“ годишно го анализира квалитетот на живот во повеќе од 450 светски градови. Анализата се врши врз база на 39 критериуми, како што се здравствените стандарди, политичката стабилност, економската ситуација, образовниот систем, пазарот на недвижности и заштитата на природата.

Во вкупниот успех влегуваат 98 проценти од податоците што ги собираат независни институти и заводи. За последните два процента се врши анкетирање на луѓе што одреден период живеат во странство заради вработување.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »