речник контакт

Викендов, за два дена четири нови случаи со ковид-19 во Велес

ЦЈЗ Велес има направено 555 скрининзи за Ковид-19

Петар Печков

За изминатите два дена од викендов, во Велес  се регистрирани четири нови случаи, по два вчера и денес, информираа од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. 

За денес двата ново регистрирани случаи, се работи за сопруг на претходно дијагностицирана пациентка и сопруга на пациент кој е веќе хоспитализиран на инфективното одделение при општата болница во Велес. Заклучно со 24-ти април ЦЈЗ Велес на пунктот во Велес има направено 555 скрининзи за Ковид-19 - соопштија на ФБ од ЦЈЗ Велес.  Или во Велес денес има 52 активни случаи од 66 досега регистрирани.  

Во земјава денес се потврдени се 19 нови случаи на корона вирус а починаа две лица, од Скопје ( 73 год) и Липково ( 49 год)  кои биле во тешка здравствена состојба. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »