речник контакт

Викендов во Велес „Божикен танцов натпревар“ со рекордни две илјади танчери

Организатор е балетското студио „Анабела“ а настапите ќе се одржат на сцената на велешки театар

Петар Печков

Викендов 13 и 14 декември, во Велес ќе се  одржи  Божикниот танцов натпревар. Тој ќе се случи  по шести пат  а организатор е балетеското студио Анабела од Велес.  На годинашното издание ќе учествуваат рекордни 1917 танчери со 2352 настапи од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово.

Организаторите очекуваат повеќе од три илјади  посетители. Настапите ќе бидат на сцената на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“. 

„Christmas Dance Competition не е само уметнички спектакл, туку и силен стимул за локалната економија. Големиот број гости од земјата и странство придонесува за зголемен промет во угостителството и трговијата, а Велес добива силна промоција како град кој умее да организира настани со европски стандарди“ – соопштија од Анабела.

Организаторите очекува викендов  значително зголемен број посетители во Велес. Поради тоа, се упатува апел до велешани за трпение и разбирање, особено во делот на сообраќајот. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »