Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јуни 2020
Со Решение во изолација во велешко има 67 лица а со Изјава за самоизолација има 52, соопштија од велешката полиција.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека сите ги почитувале овие мерки.- соопшти Верољуб Додевски, портпарол нa СВР Велес.
Во саботата за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 48 а во неделата 34 или за овие два дена од викендот вкупно во 82 лица од Велес. Глобата за нив е 20 евра а ако платат во рок од осум дена, двојно пониска, десет.
Tweet |