речник контакт

Викендов сообраќајна контрола, два од три мопеди во Велес неисправни

Или не носеле заштитни кациги или немале возачка

Петар Печков

Неделата попладне акција на сообраќајната полиција, се контролираа мопедите. Во Велес дури 60 отсто биле неисправни, без возачка, без заштитна кацига.   Акцијата координирано се одвиваше на неколку прометни улици во градот. 

На ден 24.03.2019 год во времето од 12 до 17 час  од страна на полициските службеници од СВР Велес контролираа се  возачи на мопеди и мотоцикли. Во Велес од контролираните 37 неисправни биле 22 - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. 

Слични акции биле изведени и во Кавадарци и во Неготино.  Во Кавадарци од 35 неисправни биле 20 и во Неготино од 24 неисправни биле 6 возачи. Против сите кои управувале неисправно мопеди, ќе бидат поднесени мандатни или прекршочни пријави. 

фото: архива

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »