речник контакт

Викенд со сообраќајки по велешките патишта

Викендов четири сообраќајки со петмина повредени

Петар Печков

Во текот на изминатиов викенд на подрачјето на град Велес регистрирани се четири сообраќајни несреќи, во кои вкупно пет лица се здобиле со телесни повреди, информираа од СВР Велес. 
 

Петокот вечерта  во 22.00ч. на ул. Благој  Ѓорев пред број. 207 дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу автомобил  марка  Опел-Кадет со велешки регистарски таблички  управуван од И.Ш. (23) од село Согле и автомобил марка  Даеву- Матиз со велешки регистарски ознаки управуван од Т.Т. (46) од Велес.  

Во саботата  во 10,15ч. на Регионалниот пат Велес-Чашка на 700м.од Пашин мост дојдено е до сообраќајна .незгода помеѓу  автомобил Фијат пунто со велешки регистарски ознаки управуван од З.О. (36)од Чашка и  комбе мултиван Фолксваген со скопски регистарски таблички  управувано од Д.Т. (20) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на Фиат пунто и двајца сопатници кои со возило на брза помош се пренесени во Општата болница

 Саботата вечер  во 20.30 час. на автопатот А1 Велес - Скопје на вијадукт - мостот кој се наоѓа на 3,2 км. после Зимскиот пункт Македонија Пат во близина на месноста  Летевци дојдено е до сообраќајна незгода во која Влекач  Ивеко со српска национална ознака со приклучно возило, управувано од 28-годишен српски државјанин од засега неутврдени причини излегол надвор од коловозот. Камионот  се движел по левата лента од мостот на која се изведуваат градежни работи и удрил во заштитната метална еластична ограда при што ја оштетил. Во незгодата со повреди се здобил возачот на товарното  возило кој со возило на Брза помош е пренесен во ЈЗУ Болница Велес.

Во неделата  во 13ч на автопатот Градско- Велес на вијадукт кај Грнчешка река, дојдено е до сообраќајна незгода во која автомобил . Југо со скопски регистарски ознаки управуван од Г.П. (41) од Кочани од засега неутврдени причини излегол десно од коловозот ја пробил жичаната ограда, и излетал под вијадуктот. Возачот со возило на итната медицинска помош е пренесен во МЦ Велес.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »