речник контакт

Виножито и тоа двојно над Велес

По дождот доаѓа сонце а со нeго и виножото

Петар Печков

Велешани во понеделникот беа сведоци на една за жал кај нас ретка појава виножито ( не за друго  туку оти годинава и малку врнеше). Затоа овој природен феномен кај велешани предизвика внимание. Башка тоа што на крајот од виножитото се наоѓа и златото, па некои може и побрзале таму некаде кај Башино село и да покопаат, кога веќе не работат друго.

Но бидејќи ова се случи за дел од сограѓаните рано наутро околу 7,30 еве фотографија која сведочи за уште поретката природна појава двојно виножито. Само што за жал во Велес небото ни е  ограничено, ивичено со бројни кабли за се и сешто. Но сепак уживајте во боите на спектарот од виножитото.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »