речник контакт

Виртуелениот секс реален

За жал, по се изгледа брзо ќе дојде времето кога водењето љубов ќе биде заменето со т.н. „сајбер – секс“.

lj lkjl

За жал, по се’ изгледа брзо ќе дојде времето кога водењето љубов ќе биде заменето со т.н. „сајбер – секс“. Програмерите на игри во последно време работат на развивање на овој сегмент во виртуелниот свет. За трагедијата да биде поголема веќе се произведени сексуални направи кои се вклучуваат на сметачите и овозможуваат секс на дистанца. Односно со кликнување на маусот едниот виртуелен партнер од Македонија може да го возбудува вториот да речеме во САД. Ваквиот секс преку интернет, односно можноста за користење на „специјални направи“ за сексуално задоволување на дистанца се вика „Teledildonics“. Д-р Сардон Гардос сексологот од „MyPleasure.com“ вели дека тие т.е. неговата фирма продава огромен број на вакви играчки за војниците кои се во Ирак и нивните партнерки во САД. Но, сексологот смета дека подобра варијанта било да се користат традиционални играчки додека партнерите зборуваат на телефон, тоа било доволно вистинито. Во врска со сексуалните компјутерски игри, мислењето на сексолозите може лесно да се претпостави. Тие биле „ОК“ затоа што можеле да се изживеат (и научат) сексуалните фантазии кои не можеле да се спроведат на јаве. Најпопуларна игра од ваков вид била \"Virtually Jenna\".

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »