речник контакт

Висока победа на лидерот Борец, над фенерџијата Саса во Втората фудбалска лига Исток

Победа за разделба и на КМФ Велес, пораз за ракометарите

Петар Печков

Со 6:0 (2:0) фудбалерите на ФК Борец го совладаа фенерџијата на Втората лига Исток, екипата на Саса од македонска Каменица. Со головите на Марко Ѓоргиевски два, Трајче Стојковски, Филип Петров, Ѓорги Ѓорѓиев и Симеон Христов велешани немаа сериозна задача да стигнат до трите бода.   Така и по ова 23 коло, останува бодовната разлика од седум со второпласираниот Тиквеш од Кавадарци.  Во следното коло гостува во Пехчево на Кит-Го кој е  петти со 40 бода. 

Заврши првенството во Првата футсал лига. За разделба дома сега веќе бившиот првак КМФ Велес го победи тимот на КМФ Астибо од Штип со  9:7. Велешани се втори а нов првак е КМФ Шкупи. КМФ Велес   има амбиции да го освои Купот, каде следната недела во четврт-финалето игра со екипа на КМФ Мал Ајакс дома. 

Се одигра и  петтото коло од разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Младинската екипа на ГРК Борец загуби во Струга од истоимената екипа со  41:23 (22:11). Велешани се последни без ниту еден бод. Во следното коло играат во Скопје со Вардар јуниор.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »