речник контакт

Високите цени ги уплашија станарите од социјалните згради во Велес

31-ви март е последен рок за закуп или откуп на становите. Од 144 во Велес интерес има за 62 стана за закуп и само еден за откуп

Петар Печков

Повеќето од половината станари во т.н. социјални згради во Велес се уште не решиле дали ќе ги откупуваат или ќе ги закупуваат становите во населба Тунел.  каде живеат 8 години. од 144 стана, помалку од половината 62 се решиле да  го продолжат договорот за уште пет години а само еден одлучил да го купи.    Високата цена е причината за ваква половичен интерес. 

Цената на  квадратот во Велес е околу 600 евра за становите. Тоа е комерцијална цена за станови во центар а не на периферија и социјални.  Во поголем дел становите  се наменети за лица со ниски примања.  Искрено не се  ниту така квалитетно градени.  Ѕидови  гипс картон,се слуша соседите кога разговараат на висок тон. Водоводната  мрежа колку пати е расипувана - вели станар од  зградата.  

Некои  од станарите размислуваат и да заминат и ги напуштат иако тука живееле седум години и плаќале кирија.  Сите тие  имаат рок за размислување уште една  седмица, до  крајот на  месец  март.  Дел од станарите беа задоволни  и  ги потпишаа договорите.

Благодарам што добивме стан на користење. Ние бевме под кирија и овој сегашниот  ни е значаен.   Становите за кој како, за нас многу вреден. Не можам да го откупам и ќе го земам под закуп, толку сум моќна. Можеби децата ќе успеат да го купат - рече Фросина Ѓоргиевска.

 На потпишувањето присуствуваше и директорот на АД   за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија. Тој потврди дека во  Велес има најмал интерес во однос на другите градови во земјава. 

Во Велес зградите се изградени по одредени стандарди и имаме висока цена. За разлика од тука во другите градови во земјава   имаме повисок интерес.  Нас како институција ни е важно да го регулираме статусот во наредниот пет години за закуп а за тие што ќе ги откупат и доживотно. Апелираме до 31-ми март  да ги поднесат документите дали ќе бидат закупци или ќе ги откупат.  По 31-ви ќе го применуваме Законот а  тој вели иселување на лицата кои нема да поднесат никаков документ за правен статус - изјави  директорот Цветко Грозданов.

 Тој потсети дека висината на закупнината е во зависност од вкупни примања во семејството, во три категории. За лица  од  категоријата  ниски примања  а станале лица на примања социјална помош, станарината ќе ја плаќа Владата.  

 За да излезат во пресрет   претстојниот викенд сабота и недела  во сите подрачни единици ќе има дежурства од 10 до 14ч за станарите  да можат да ги поднесат барањата. Од  20 општествени  стана во Велес, 12  сопственици поднеле барања а осум се уште не.

 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »