речник контакт

Вицепремиерот Анѓушев има имот вреден 27 – 28 милиони евра

Вицепремиерската плата од 81 илјада денари ќе ја дели за општо добро, на социјалци и студенти од технички науки. Анѓушев: сè сум создал сам и за сè сум платил данок

Петар Печков

Анкетниот лист на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Најголемата вредност во имотниот лист е уделот во групата „Фероинвест“ каде штo Анѓушев е содружник со 80 отсто од акциите чија вредност, според анкетниот лист, е над 21 милион евра.

Според анкетниот лист кој Анѓушев а им го подели на новинарите, тој поседува една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград. Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.

Се гордеам со мојот анкетен лист, бидејќи сè сум создал сам и за сè сум платил данок. Ова е пример како може дете на стечајни работници, со работа да направи капитал - рече Анѓушев.

Возниот парк на Анѓушев се состои од „масерати“, „порше каен“, „мини кантримен“. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници, кои ги проценил на 2,5 милиони денари.

Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка „регал“.

Неговата сопруга ја поседува фирмата „Офисрент“ со вредност од 630.000 денари.Анѓушев пријавил четири заеми во вкупна вредност од 82 милиони денари, а во неколку банки има заштеди од 1,2 милион евра и над 4,6 милиони денари.

Вицерпремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се откажа од вицепремиерската плата. Тој својата плата во висина од 81.000 денари ќе ја донира во хуманитарни цели.
„Половина од парите ќе бидат распределени на социјално загрозени семејства, а другата половина за стипендирање на студенти од техничките науки. Побарав список на 200 социјално загрозени семејства на кои ќе им бидат распреледувани парите“, изјави Анѓушев.

Покрај ова, Анѓушев додаде дека нема да користи државно возило за доаѓање на работа, туку ќе користи сопствено и нема да го оптоварува државниот буџет со ангажман на двајца телохранители колку што му следуваат, туку ќе користи услуги само од еден.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »