речник контакт

Влага во домовите во реонот под Којник

Влага, напукнати ѕидови, соби со мемла, уништен под, во ваква состојба се стотина куќи во Велес, во реонот под Којник.

Петар Печков

Влага, напукнати ѕидови, соби со мемла, уништен под, во ваква состојба се стотина куќи во Велес, во реонот под Којник. Жителите на улиците Даме Груев и Јовче Џупун подолго време алармираат за уништените домови и бараат спас но досега резултат нема. Тие за оваа состојба виновник наоѓат во водата која се собира во некогашните  а сега напуштени засолништа. Низ отворената врата се гледа дека ходниците се полни со вода до колена, која се собирала подолго време.

- Последните две-три години скривниците започнаа да се полнат со вода. Тука живееме педесет години вака не било. Од водата која се собира се уништија куќите во овие две маала. Сите имаме  некоја мака од влагата која се појавува во домовите, дали испукан ѕид, дали патосот уништен, дали подрумите, но трпиме голема мака - вели Ѓорги Митрев.

Жителите велат дека пред една година напишале петиција  и се обратиле до сите надлежни институции кои досега останеле неми. Единствено дошле од ЈКП „Дервен“ кој ја испумпал водата од засолништето во неколку наврати  и тоа било се што е превземано за санација. Посочуваат дека водата е стигната до нивото на излезните скалила и за ден-два таа ќе почне да тече по улиците. Засолништата се сопстеност на Дирекцијата за заштита и спасување кои знаат за проблемот но истиот бил нерешлив, бидејќи станувало збор за подземни води.

- Во посториите се собира подземната  вода од дождот и снегот во зимо, лето немам ваков проблем. Досега три пати водата е црпена, но по неколку дена таа се слева и повторно се собира. За жал нема решение за овој проблем кој може да се реши само со испумпување - вели Димче Анастасовски до ПЕ на Агенцијата за заштита и спасување. Соседите од засолнишето тврдат дека водата не е подземна туку таа се губи од неквалитетниот водовод  и мрежа. Тие за ова имаат и докази.

- Земавме вода од засолништето, бевме во Хигиенски и таму ја проверивме. Какви се тие подземни води кои имат хлор во себе. Ова значи дека водата е од водоводната мрежа. Во овој стар дел на градот имаме сеуште азбесни цевки од пред еден век и таа се губи од нив - вели Орце Марков. 

За нив е чудно како тоа по толку години постоење на засолништата, тие да се полнат со вода во последнити три. Околу илајда жители под Којник толку време немаат и сон, бидејќи стравуваат дека нивните домови ќе бидат уништени и затоа бараат што поскоро овој проблем да се реши во спротивно најавуваат и тужби. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »