речник контакт

Владата да им помогне на компаниите, не чека лошо второ економско полугодие

Најавите за лоша втора економска половина на 2012 година, падот на индустриското производство, проблемите на компаниите, претседателот на Стопанската комора Азески разговареше со директорт на Брако Анѓушев

Петар Печков

Најавите за лоша втора економска половина на 2012 година, падот на индустриското производство, проблемите на  компаниите се темите на кои раководството на  Стопанска комора на Македонија кое го води со менаџерите на компаниите од земјава. Тие се жалат на моменталната неликвидност која владее во државата,  бараат заштита на индустријата и извозот на домашните компании, реконструкција на одредени државни  институции  чија цел е поддршка   на извозот и развојот на македонската економија.

По разговорите со повеќе компании во земјава, имаме чиста ситуација и можеме да излеземе на разговори со Владата и да ги убедиме во нашите намери, да се направи сериозна анализа и сериозни мерки за поддршка на домашните компании на неколку сектори за да ги ја пребродиме кризата и најавите што не очекува во втората половина -  вели Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија. 

Во најлоша состојба е металургијата која  учествува со 35 отсто во вкупниот извоз, 17 отсто  од вработените во земјава се во неа,  создава 11 од  новосоздадената  вредност и 8 отсто од Бруто домашниот производ. Било какво пореметување кај неа  може да остави силни последици на сите економски параметри, предупредуваат економистите.  Тоа би значело отпуштање на работници и  нагло паѓање на извозот. 

Тие нудат мерките  кои се групирани во два сегменти, за подобрување на ликвидноста меѓусебно и со државата , и заштита на конкурентноста на домашните компании кои се изложени на негативни надворешни влијанија. За запирање на  падот на индустриското производство кој бележи континуитет девет месеци, Азески бара директна поддршка  за клучните економски   гранки до државата.

Македонија мора да изгради  економска стратегија за поддршка на производството. Потребни се сет на мерки. Виталните  структури на државата треба да се постават на нова основа и капиталот мора да се изгради и да функционира. Владата мора  директно да ги заштити клучните гранки на Македонија и да успее   акцијата за привлекување на странски инвестиции.  За ова пак е важно подобрување на инфраструктурата и средување на  состојбите во правосудниот систем – вели Азески. 

За  нивните најавени  вертикалните мерки  очекуваат дека ќе разговараат  наредната седмица со Владата.  Тој дојде во Велес  во ,,Брако,, единствената добростоечка компанија во градот.  ,,Брако,,  е извозно ориентирана компанија со 93 отсто од производство  кое се пласира во 19 земји и го шири производниот програм, со  нови дејности и нови типови на производи, наменети за нови клиенти.

Изминатите две години работевме на два нови производи. Воведовме производство на компоненти за италијански  комунални камиони. Реализиравме соработка  со германска компанија  која се бави со градежна механизација, и со неа потпишавме договор за сериско производство на елементи потребни за нив.  Една од мерките која е потребна за извозно ориентираните компании е  пронаоѓање на нови пазари и тука треба да им се помогне.  Потребно е зголемување на капацитетот, како финансов така и кадровски на Македонската Банка за поддршка на развој, која треба да го помогне извозот, и  да ги осигури побарувањата на македонските фирми од странските партнери -вели Кочо Анѓушев директор на ,,Брако,,.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »