речник контакт

Владиката Агатангел Велигденско послание

Денот на Христовото воскресение е ден на општа радост во целиот свет. Велигден е празник над празниците и прослава над прославите. Таа света радост денес се разлева насекаде и ги зафаќа сите битија, ја опфаќа целата природа, ги исполнува небото и земјата.

Петар Печков

Драги браќа и сестри!
 
Евангелието сведочи дека во денот на Христовото воскресение воскреснаа многу тела од порано починати светии. На сите луѓе им е судено да заминат од овој свет. Но од моментот на Христовото воскресение, верните во гроб влегуваат со надеж дека повторно ќе излезат. Оти, навистина, Христос е првиот што воскресна од оние што беа умрени. Ете, таа вистина, која е основа на нашата вера, предмет на нашата надеж и двигател на нашата братска љубов, потврдена е со воскресението на Христа.
 
Возљубени чеда на Христа Воскреснатиот!
 
Христос воскреснал, според тоа еден ден и мртвите ќе воскреснат. Нивното воскресение нема да биде дело на природата, туку дело на Создателот на природата, на Неговата семоќна сила. Христос воскреснал како Богочовек и со тоа на смртта ѝ ја одзел силата. Тој, како Бог Слово, се јавил во тело кое не го примил од ангел, туку од семето на Авраам.

Во Него се соединила божествената со човечката природа Зашто Бог нема да ја остави душата на праведниците во пеколот, ниту пак ќе дозволи праведникот да види распаѓање. Бидејќи Христос воскреснал, никој не може да тврди дека и мртвите нема да воскреснат. Оти преку гревот на Адам дошла смртта, а преку Христовата праведност дошло воскресението. И како што сите умираат во гревот на Адам, така и преку праведноста и божествената моќ на Христа сите ќе оживеат.
 
Возљубени наши браќа и сестри Македонци!
 
За воскресението ни говори и самата природа. Вчера таа била во мртов сон, денес е разбудена со животворните зраци кои доаѓаат одозгора. Таа ни говори дека смртта е неопходна за да дојде воскресението за светол и радостен живот. Апостол Павле безумници ги нарекува оние кои се сомневаат во воскресението на мртвите, оти на секого му е јасно дека семето што во земја се фрла не може да оживее ако претходно не умре.

И Спасителот Христос вели: „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре - ќе донесе голем плод“, оти ќе воскресне за нов живот. Истото ќе се случи и со човечкото тело. Преку телото и крвта на Христа тоа станало божествено зрно. И покрај тоа што е подлежно на болести и слабости, и покрај тоа што во наполна немоќ се спушта во гроб, ќе воскресне во сила.
 
Христос воскресе, навистина воскресе…

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »