речник контакт

Внимавајте со интернет и роаминг на мобилните во странство

Пред две години тогашен пратеник се жалел оти платил 355 илјади денари за мобилен додека бил во Грција, за трошење на интернет

Петар Печков

Агенцијата за електронски комуникации започна со кампања на едукација на македонските граѓани, пред летните одмори за користење на интернет  услугите и роамингот на мобилната телефонија. Откако искуството од минатите години покажало голем број на поплаки и писмени реакции, за сметките кои треба да се платат, АЕК одлучи да ги информира корисниците на мобилните телефони, како да се заштитат од скапите услуги.

Сакаме   на  македонските граѓани  превентивно, пред   да заминат на летување да им објасниме, како да платат најмалку  за најдобра услуга. Ова се однесува и на користење на интернет и на роаминг. За таа цел нашата веб страница комуницирај.мк  е ажурирана со сите цени кои ги имаат државите од светот, нивните мобилни и телефонски компании за контакт со нашите три оператори.  Првото нешто што треба да го сторат е да ја исклучат услугата за сурфање на интернет, кога одат во странство. Таму таа е многукратно поскапа отколку во Македонија. Додека пак за избор на телефонскиот оператор во земјата каде патуваат да го сторат тоа рачно, откако ќе проверат кој има најниски цени – рече  Роберт Ордановски  директор на АЕК.

За илустрација  цената за користење на  интернет од  еден мегабајт во Грција се движи од 52 до 980 денари.  При проверување на електронска пошта, секоја сесија која ќе се отвори на мобилниот се заокружува на еден мегабајт и истата треба да се помножи со цената, по што се добиваат високи крајни услуги, од која кога граѓаните ќе ги видат кога  ќе се вратат од одмор, ,,поцрнуваат ,, повеќе отколку од  тамошното сонце. Највисоката цена на која реагирал македонски претплатник е од пред две годни, кога тогашен  пратеник летувајќи во Грција морал да плати 355 илјади денари сметка за мобилен, поради користење на интернет.

Поплаките на крајот од летото биле со илјадници реакции, поради што АЕК одлучи пред почетокот на сезоната на годишните одмори да ги информира граѓаните како да внимаваат да не направат висок цех. За таа цел вчера, тие на граничниот премин Богородица кај Гевгелија, делеа  флери на македонските граѓани. Повеќето од тие што ги добија беа пријатно изненадени, освен еден кој одби да биде информиран, оправдувајќи се дека  има ,,државна телефонска сметка,, .

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »