речник контакт

Возач излетал од пат и слетал на гевгелиска пруга

Кај возачот е консатирана тешка телесна повреда, скршеница

Петар Печков

Утрово нешто после 8 часот  се случила сообраќајна незгода, кога автомобил излетал од пат и паднал на гевгелиска пруга. Незгодата се случила на регионалниоот пат Велес – Градско, кај скривниците на ул. Димко Најдов. Возачот З.Т. (46 год) од Велес, кој возел во правец кон Стар мост, удрил во еден од камените столбови кои се ограда помеѓу патот и железничкaта пруга и паднал на неа. 

Во 8,25ч. примен е  повик за сообраќајна незгода во која е повреден возач, кој бил сам во возилото.  Испратена е екипа, докторот на лице место пружил прва помош, лицето имало повреда на глава, болки во колено, бил свесен и контактибилен. Згрижен на лице место и префрлен на хируршко одделение на понатамошен третман – изјави д-р Васе Пановаса, портпарол на Здрвствен дом Велес.

Од велешката Болница потврдија дека утрово кај нив е примен пациент, повреден во сообраќајна незгода и кај него е констатирана тешка телесна повреда. 

Кај пациентот е констатирано фрактура на шака, укажана е медицинска помош и е задржан на одделот за хирургија при ЈЗУ ОБ Велес на опсервација – соопшти д-р Елеонора Јовановаа, портпарол на Општа болница Велес.

Со специјализирано возило на МЖ инфраструктура, авмообилот е подигнат од пругата. Желеничкиот сообраќај поради оваа сообраќајна незгода, од и за Гевгелија,  беше во прекин четири часа. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »