речник контакт

Возете внимателно, за живот се работи (фото)

Лош период од летото, бројни сообраќајки со загинати и тешко повредени

Петар Печков

Поради невнимание, непочитување на сообраќајните знаци, пребрзо возење, недржење страна,  недржење на растојание помеѓу возилата, деновиве на патиштата во велешко  се случија бројни сообраќајки, некои  во градот други пошироко.

Страдаа  двајца мотористи од Велес кои се тешко повредени, со смртни последици имаше две лица кои излетале со нивните автомобили од автопат, тројца загинати кај Лозово, карамбол со четири  автомобили ама минаа само со гребнатини. Списокот за еден е месец е долг.

Грк со неговиот автомобил удри во камион но имал таква среќа што автомобилот е смачкан а тој минал без гребнатана.   8-ми јули, автомобил излета од автопат, совозачот- сопругата со тешки повреди во Ургентен.

Велешанец на 27 јуни слета со автомобил на пругата. Кумановец смртно настрада на  20 јуни на автопат кога вртел за 180 степени и бил удрен.  20 јуни дете тешко повредено близу Лисиче, кога автомобилот во кое било излетал од  патот.  

13-ти јули камион слета во амбис кај Дервенски мост, возачот тешко повреден.  Затоа придржувајте се до сообраќајните  знаци  

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »