Петар Печков
Објавено: недела, 28 септември 2014
Во саботата попладне велешанец возејќи во рикверц прегазил пешак, кој починал на лице место.
Според СВР Велес сообраќајката со смртни последици се случила на улица .„Нада Бутникошарева“, во близина на Градскиот пазар околу 16,15 часот.
До сообраќајна незгода дошло кога автомобил „Фиат Дукато“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б. (42), возејќи наназад удрил во пешакот Богдан Јованов (83) од Велес.
Тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Брзата помош.
Tweet |