речник контакт

Возовите застанаа, машиновозачите штрајкуваат

Железничарите бараат плата за април, зголемување на коефициентот и исплата на платата за мај до крајот на јуни

Петар Печков

Домашниот товарен и патнички сообраќај од изутринава е комплетно блокиран поради протестот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје.

Пропуштен е само експресниот воз  Белград –Скопје -Солун.
Протестот, што почна вчера со редуцирање на сообраќајот, според машинскиот персонал ќе продолжи до исполнување на барањата за кои вчера не беше постигнат договор со менаџерскиот тим.

Блокадата ќе продолжи до исполнување на нашите барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работни места, исплата на вториот дел од априлската плата и писмена гаранција дека до крај на јуни ќе се исплати мајската плата. Законот за исплата на плата треба да се почитува во целост како и за сите во државата, изјави за МИА Душко Чакаровски.

Како што најави Чакаровски, претставниците на машинскиот персонал претпладне повторно ќе имаат средба со в.д директорот на МЖ Транспорт ад Скопје Игор Коруноски.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »