речник контакт

Возовите кон Кочани тргнаа

Се поправеше локомотива а тргна гарнитура наречена ,,шпанец,, . Паузата траеше 20 дена

Петар Печков

Од денес, среда  попладне, повторно е воспоставен железничкиот сообраќај од и кон Кочани.  Моторниот патнички воз, популарниот ,,шпанец,,  тргна  кон Кочани по редот ан возење 15,22ч од железничка Скопје и 16,21ч. од велешката железничка станица.

Железничкиот сообраќај кон оваа дестинација беше во прекин од 15 јануари, откако се запали локомотивата на маневарката во близина на железничката станица  Овче Поле. Директорот на ЈП МЖ Транспорт Благој Костов неодамна  информираше дека   возот набргу ќе тргне а причина што не сообраќа е оти чекале да се поправи  и  увезат делови за машината, бидејќи нив ги немало во Македонија.

Откако ќе биле инсталирани, возот повторно ќе сообраќа. Од денес, среда возот кон Кочани тргна, но не со локомотива, туку моторна гарнитура на т.н. ,,шпанец,. На оваа релација има два воза еден наутро од Кочани кон Скопје и е ден попладне од Скопје кон Кочани. Најголем број патници  кои го користат овој воз се велешани. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »