речник контакт

Возовите тргнаа, штрајкот во железница прекинат

Утрово нормализиран патничкиот сообраќај

Петар Печков

По исплатата на една половина од платата за јануари, вработените во Македонски железници и инфраструктура го прекинаа штрајкот.  Од утрово сообраќаат патничките возови.

Никој не можеше да каже дали од ноќеска ќе тргне и патничкиот воз  од Скопје за Битола, кој го користеа вработени од  Велес кои секојдневно  патува за Скопје а после Нова година беше времено укинат. 

Договорено е платата за февруари да биде исплатена до крајот на март за да не бидеме доведени во ситуација на 5 април повторно да го блокираме железничкиот сообраќај, изјави Чакаровски, претставникот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт

Претходно, одлука да се вратат на работа донесоа и вработените од работилницата за одржување во МЖ Транспорт. Како што изјави Ѓоко Илиески од иницијативниот одбор за протестот, со Коруноски договориле втората половина од платата јануари да ја добијат во текот на следната недела, а платата за февруари да се исплати целосно до крајот на овој месец.

Поради протестот целосно беше блокиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај две седмици. Во текот на протестот оставка даде генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов, а за в.д директор беше поставен Игор Коруноски.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »