речник контакт

Воз удир во карпа, повредени нема, железничкиот сообраќај во прекин

Товарен воз удрил во карпа близу железничка станица Рајко

Петар Печков

Попладнево во 17,10 часот во близина на Железничката станица Рајко Жинзифов на пругата Велес - Скопје товарен воз удрил во карпа која паднала на пругата.

Од СВР Велес го потврдија настанот со дополнување дека повредени нема, машиновозачот  бил сам во локомотивата, машината  во еден дел излетала од шините. 

Возот сообраќал од Трубарево за Гевгелија. Среќна околност е што за кратко време, по овој инцидент на критичното место  требало да мине патничкиот воз од Скопје за Кочани. 

Од МЖ најавуваат дека сите патници кои планирале да патуваат со воз вечерва со автобуси ќе бидат превезени до Велес и  Битола.

Товарниот сообраќај до отстранување на капрата ќе биде во застој.

фото:архива

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »