речник контакт

Воз удри во автомобил на преминот кај Горно Оризари, возачот мина неповреден

Итната помош немала потреба од интервенција над возачот Џ.П. (47 год)

Петар Печков

Претпладнево околу 9,30ч.  воз удрил  во автомобил, на железничкиот премин за Горно Оризари. Повредени нема, има материјална штета над возилото. 

Од СВР Велес информираа  дека возилото било марка „фолсваген пасат“  со велешки регистарски таблички управувано од Џ.П. (47 год) и тој бил сам во автомобилот.

ОД МЖ соопштија  дека  во автомобилот удрил товарен воз кој возел од Велес за Битола а незгодата се случила на обезбеден железнички премин со вертикална сигнализација, возилото доаѓало од правец на Горно Оризари.    

На лице место дошла екипа на Итната медицинска помош, но таа немала потреба од интервенција.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »