речник контакт

Воз удри пешак на преминот во Превалец

Докторите се борат за неговиот живот

Петар Печков

Брзиот воз Хераклеа, кој сообраќа на релацијата Скопје –Битола околу 18 часот удрил во пешак  кој минувал  на железничкиот премин во населба Превалец, во лизина на Велес.  Повредениот  Атанас Димовски ( 79 год)  во тешка здравствена состојба  е префрлен  во Скопје. Според сведоците  настанот се случил поради невнимание на пешакот.

Имаше неколку возила  кои стоеја на преминот, оти свиреше сигналот, трепкаше и го видов дедо Наќе како минува. Тој живее  тука, веднаш на дваесетина метри од пругата. Имаше здравствени проблеми и одеше едвај, полека и таман помислив дали ќе има време да мине, кога возот наиде а дедо Наќе  беше удрен од десната страна на возот. Додека закочи,  го отфрли и старецот остана на земјата. Беше крвав, неподвижен. Брзо дојде брата помош и го однесе за Болница – вели сосетка која живее  до железничкиот премин.

Таа и нејзините сограѓани од Превалец  велат дека ова е трета несреќа на истиот премин за пет месеци, откако таму повеќе нема железничар да управува со рампа.  Дежурниот доктор  од велешката Болница Филип Тодоровски изјави дека старецот е во тешка состојба, лекарите се борат за неговиот живот, со нарушени  витални функции, сериозни повреди на главата поради што е пренесен  на Клинички центар во Скопје.   На местото на несреќата имаше претставник и од Македонски железници.

Железничкиот премин е обезбеден, има светлосна и звучна сигнализација, има знак дека е премин. Старецот не слушнал, ниту видел дека доаѓа возот,иако сигнализацијата работела, по што бил удрен од десната страна на композицијата. Имало колона возила кои чекале, тој не ги почитувал знаците – изјавија од ЈП МЖ.

На местото на  несреќата имаше истражен судија, обвинител и претставници на СВР Велес. Поради незгодата железничкиот сообраќај  на релацијата Велес – Битола беше во прекин 100 минути. Исто толку време во прекин беше и регионалниот патнички сообраќај од Велес кон Извор, Чашка и Богомила.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »