речник контакт

Воз мина преку човек, среќа преживеа

Н.Н. има полесни повреди и е надвор од животна опасност

Петар Печков

 Утрово патничкиот воз од Битола за Скопје  минал преку човек  Н.Н. ( 47 год) кој лежел на пругата а тој преживеал . Настанот го потврдија од велешката полиција.

Познато е дека несреќата се случила во 5,45 часот на влезот во Велес, кај бифе ,,Марија,,. Патничкиот воз, популарано наречен шпанец,, веќе влегувал во градот  кога машиновозачот забележал на  пругата човек како лежи, паралелно со неа, помеѓу шините. Нозете му биле кон машината, додека главата во спротивната насока.

Бидејќи теренот е малку прегледен и кривина, а возот не можел да застане па минал преку него. Не е познато дали тој сакал да се самоубие, или пка заспал на пругата.   Според портпаролот на велешката Болница, каде е пренесен повредениот, на него има повеќе огреботини и нема сериозни повреди и е  надвор од  животна опасност.

Од МЖ велат дека човекот имал среќа што ,,шппанецот,, има висок праг па така минал преку него а   Н.Н. нема сериозни повреди. Железничкиот сообраќај на реалцијата Велес - Битола утрово поради ова беше во прекин 90 минути.  СВР Велес  ги испитува причините за инцидентот, со среќен крај.

 На ова место пролетва се самоуби друг велешанец, кој седејќи  на пругата, го чекаше возот и замаина во смрт.

 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »