речник контакт

Војниците и војните лица, против цивилите од градот

По повод 18 февруари, Денот на Меѓународниот сојуз на воени спортови, во Командата за обука во касарната на АРМ во Велес по петти пат се одржаа спортски натпревари.

Петар Печков

Спортските  игри ги отвори и, командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски, кој на учесниците  им посака убаво дружење преку спортот.

- Основната цел на проектот е  да се иницира и зголеми физичката активност  на сите припадници низ различни форми на спортски  активности достапни за секого без селекција и исклучок, развивајќи чувство и поголем елан за работа  како и иницирање на форми за создавање на култура за спортување кај сите, истакна Костовски.

Тој потенцира дека Воените спортови во нивното пошироко значење се извонреден промотор и поддржувач на концептот „Спорт за сите“ и поради тоа Меѓународниот Сојуз на Воени Спортови, го има формулирано проектот – Пријателство низ денот на спортот.

На натпреварите кои се од ревијален карактер во мал фудбал, кошарка, пинг понг и шах  земаа учество четири екипи  на Единиците на Командата за обука, како и  екипи на СВР Велес,  на Министерството за  одбрана- Подрачна единица од Велес, на Општина Велес и на Епархијата Повардарска

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »