речник контакт

Војниците на 34-тата генерација доброволци дадоа свечена заклетва

Во оваа класа војници кои доброволно го служат воениот рок има 43 млади

Петар Печков

Во Велешката касарна Алексо Демниевски Бауман 34-тата генерација на војници, кои доброволно го отслужуваат воениот рок во Армијата на   Република Македонија, даде свечена заклетва. 45 војници, меѓу нив и две девјоки наредните три месеци ќе бидат дел од обуката која ќе се одвива во Центарот за индивуидуална обука кој е дел  од Командата за обука и доктрини.        

Имав  голема   желба  да служам во АРМ и сакав да   видам и почувстувам како е да се биде  женско во униформа. И тоа е тоа, што го очекував.  За изминатите седум дена  научивме заедно со  колегите  војници на дисциплина, дружење. Можат да доаѓаа повеќе девојки, оти во оваа класа сме само две - рече  Катерина  Јовановска  од Струга. 

Таа има 24 години и била вработена во Хотел Мираж.   Нејзе друштво и прави скопјанката  Марија Георгиевска, која е студент на Факултетот за безбедност.

 Имав голема  желба  да се  биде во униформа и првите впечатоци се одлични. Рамнопавни сме со машките, научивме многу нови работи. Ги  извршуваме сите задачи кои ги даваат старешините. Се привикнав и на раното  утринско санување, но  се е прашање  на навика - рече Марија.

На новата   генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок,  заклетвата им  ја честита  полковник Арбен Јакупи полковник. 

Да  се даде заклетва е личен чин, но  и чест и задоволство. Можете да се гордеете што пораснавте во   здрави и способни малди  луѓе, кои сте во овој строј и  прифанавте чесно да  и служат   на  својата татковина   во  армијата - рече Јакупи. 

За прв пат откако војниците доброволци даваат свечена заклетва, на овој чин присуствуваа  и ученици. И тоа од ОУ  Блаже Конески. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »