речник контакт

Војниците од велешката касарна со подароци за децата од ПОУ Маца Овчарова

Војниците одвоиле од нивните примања, собрале средства купиле играчки и со нив искрено ги израдуваа учениците со посебни потреби

Петар Печков

Посетителите на курсот кој се одржува во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, на учениците од ПОУ Маца Овчарова им подарија играчки. Тоа беше голем радост за 50-тината деца, кои посетуваат настава во ова училиште од прво до деветто одделение. Војниците одвоиле од нивните примања, собрале средства купиле играчки и со нив искрено ги израдуваа учениците со посебни потреби. 

Овој ден  децата ќе го помнат. Многу ни е драго  што војниците одлучија да не посетата да ги израдуваат учениците. Добивме покана и ние ќе ги посетиме нив и ќе имаме посилна соработка. Сите сме исти и убаво е што војската го покажува тоа на дело. Им благодариме - рече Ленче Гаданец директорка на ПОУ маца Овчарова. 

Потоа децата и војниците се натпреваруваа во пикадо, што предизвика вистинска еуфорија во салата со многу темперамент и навивања. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »