речник контакт

Во Велес, за еден месец собрани осум тони електричен и електронски отпад

Поради големиот интерес акцијата продолжува до крајот на годинава

Петар Печков

За неполн месец дена, во Велес се собрани  повеќе од 8 тони електричен и електронски отпад. Акцијата започна на 10-ти ноември и требаше да   заврши на крајот од  месецот, но таа продолжува до крајот  на годинава.

До вчера, среда, собрани се 1,894 кг,   електричен и електронски отпад и од физички и од правни лица. Поради голем интерес кај граѓаните, акцијата ќе продолжи до крајот на оваа година. Досега за 11 месеци соборани се  8.348кг – информираа од ЈКП Дервен.  Освен велешките комуналци кои се ангажирани за собирање на овој смет, во акцијата се вклучени и  Општина Велес и организацијата „Нула отпад Скопје“ .

Организаторот потсетува дека граѓаните можат да фрлаат како отпад од електрична и електронска опрема: големи домашни апарати,  мали домашни апарати, компјутерска опрема, електронска опрема, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електронски играчки и опрема, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот. Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно  го превзема од  домови и при тоа на граѓаните им издава изјава за примопредавање.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »