речник контакт

Во Велес, изминатите 24 часа, регистрирани три случаи со ковид-19

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 43 лица

Петар Печков

Центарот за Јавно здравје Велес соопшти дека денес во Велес се регистрации три нови случаи на пациенти позитивни на Ковид-19. 

Според надлежните се работи за двајца пациенти поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на инфективното одделение во општата Болница во Велес.

Eден пациент e потврден во клиниката „Жан Митрев“.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 43 лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во  земјава изнесува 1.117 лица.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »