речник контакт

Во Велес зголемен опфатот со вакцина на децата од предшколска возраст

Тоа се должи на зголемената вакцинација против голема кашлица- пертусис.Состојбата со МРП е непроменета,процентот е ист низок

Петар Печков

Службата за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, забележала зголемување на опфатот со вакцинација, на децата до шест годишна возраст во велешко. Тука спаѓаат и општините Чашка и Градско.

„Имаме значајно зголемен опфат со вакцинацијата, тоа пред се се должи на  зголемената вакцинација против голема кашлица- пертусис, првата вакцина е 90 отсто а ревакцинацијата е 95 отсто, што одамна не сме имале такви бројки. За жал состојбата со МРП е непроменета, процентот е ист. Не сме ниту полошо од претходните години, ниту сме подобро. Тој отпор кај родителите уште постои“ – дополни д-р Тодорoвска.

После наполнување на првата година возраст на детето, опаѓа вакцинацијата за сите вакцини. Некои родители не дозволуваат нивното дете на таа возраст да прими МРП вакцина, па доцнат и другите вакцини.

Тие деца кои  не примиле вакцина, се повикуват  на две години, две и пол и тогаш нивните родители ги носат на вакцинација.  Овие деца ја примаат вакцината на поголема возраст и додека стигнат до школо дел од невакцинираните се вакцинираат.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »