речник контакт

Во Велес има три случаи на заразени со ковид-19, не 12

Има и двајца оздравени

Петар Печков

Не 12 туку три случаи има регистрирано од Центарот за Јавно здравје во Велес. Наспроти податокот кој ја вознемири велешката јавност, дека во градот има нови 12 случаи, кој го објави Министерството за здравство,  од ЦЈЗ информираат  за три нови и двајца оздравени.

Има три случаи и тие се од лица велешани, но работат надвор од градот. Едната е жена вработена во Кавадарци, другиот е маж кој работи патник во други градови и третиот случај е член на неговото семејство. Имаме и двајца оздравени и двете лица биле на домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.  

На Инфективното одделение од велешка болница има  сместено 14 лица и сите потврдено позитивни. Пет се од Велес, четири од Неготино и пет од Свети Николе. Портапролот на Општа Болница Велес д-р. Весна Николовска Неделкова информираше дека вечерва е примен уште еден велешанец со симптоми, но без потврда дека е позитивен.

Градоначалникот Аце Коцевски како командант на Штабот за заштита и спасување реагираше за оваа бројка.

Според добиените инфомрации  во Велес има три случаи. Останатите се од селата Црнилиште, Мустафино, скопски улици кои не постојат во Велес. Овој податок за 12 ново заразени во Велес ја вознемири јавноcта и имаше многу реакции и јавувања - изјави  Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »