речник контакт

Во Велес има шест бездомници и десет питачи

Животот за некого мајка, за друг маќеа. 12 април е Светски ден на децата од улица

Петар Печков

Во градот има шест лица кои се бездомници и десет кои се питачи. Ова се бројките на Центарот за социјални грижи од Велес.  Во првата категорија се лица кои немаат дом, живеат на улица, додека во втората лица кои питачат по улиците на градот, меѓу нив има и деца.  Од  надлежните институции објаснуваат дека  за сите овие лица тие  се грижат, но од другата страна немало соработка.

 Бездомниците  бараат помош од нас, ние им нудиме сместување во центарот за бездомници во Скопје а тие одбиваат, не сакаат. Ја следиме ситуацијата, помагаме во рамките на можностите, но не можеме со сила да ги однесеме – вели директорката на Центарот во Велс Азиза Џини Кицара.

Слична била ситуацијата и со питачите,  кои сите редум биле корисници на социјална помош, во висина  согласно бројот на  членови на семејството. Питачите велат дека парите кои ги добиваат се минимални и не им овозможуваат пристоен живот за нивната бројна заедница.  Меѓу ова категорија е и првото новороденче, со неговата мајка од Велес родено на почетокот на  2011-та година. За целосно згрижување на бездомниците од Министерството најавуваат дека дел од средства кои се за оваа намена ќе се префрлат на локално ниво, за да се оформи пункт или  центар за згрижување на бездомници во Велес. Дотогаш тие остануваат на улица, но со помош од   неодамна формираниот мобилен социјален тим.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »