Петар Печков
Објавено: четврток, 22 јануари 2026
Полицијата уапсила две лица, за кои Основен суд Велес имал наредба за издржување на казна затвор. Деталите од соопштенијата на СВР Велес.
На 21.01.2026 во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45 год) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.
На 21.01.2026 во 12:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Двете лица биле спроведени во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на изречената казна.
| Tweet |




