речник контакт

Во Велес нема интерес за владиниот проект Купи куќа, купи стан

Доделени се првите 38 кредити, во повеќе градови во Македонија, во Велес нема интерес, како што немaше ниту за другиот ,,АРМ мој вистински дом,,

Петар Печков

Вредноста на доделените кредитите е 1,4 милиони евра, а субвенциите што ги дава Владата се 271.239 евра

Министерството за финансии ги додели првите 50 субвенционирани кредити од проектот „Купи куќа, купи стан“. Вредноста на доделените кредити е 1,4 милиони евра, а субвенциите што ги дава Владата се во износ од 271.239 евра. Најголемиот број од барањата на клиентите биле за пола-пола рата или 242.948 евра, додека за вториот модел за половина учество интересот бил помал, и субвенциите изнесуваат само 28.291 евра.

Од доделените кредити 38 се за купување нов стан, пет за изградба на нова куќа, три за поголем стан и четири за надградба на куќа. Триесет од кредитите се доделени во Скопје, од кои 11 во Аеродром и во Кисела Вода, шест во Ѓорче Петров и по еден кредит во Гази Баба и Карпош. Во Битола се доделени седум кредити, по два во Струмица, Кочани, Македонски Брод и Куманово и по еден во Кавадарци, Демир Хисар, Кичево, Тетово и Штип. Во Велес засега нема. Претходно немаше интерес ниту за армискиот проект ,,АРМ мој вистински дом,,.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »