речник контакт

Во Велес нема ново заболени со корона вирусот, изминатите 24 часа

Останува бројката од тројца заразени од корона вирус

Петар Печков

Министерот за здравство Венко Филипче, на неговиот ФБ штотуку ја   објави  бројката на ново заболени од корона вирусот во Македонија, Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на корона вирус во земјата, во Велес нема регистрирани нови случаи.

По градови: Скопје 15, Куманово 4, Дебар 2, Охрид 1, Штип 1, Тетово  1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 201 лице. Во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Вчера попладне Општинскиот штаб за заштита и спасување од Велес,  информираше дека од сите лица кои биле во контакт со тројцата  заболени  се земени медицински маркери кои се испратени на испитување до Министерството за здравство

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »