речник контакт

Во Велес нема случај на заболени со морбили

Со опфат на децата од 78 отсто вакцина против мали сипаници и Велес е во ризичните градови

Петар Печков

Процентот на опфатност на децата вакцинирани од морбили, мали сипаници е помал во однос на претходните години.  Воздржувањето од вакцинирање  од одредена структура на родители, доведе до епидемија на морбили во Скопје и во некои случаи со смртни последици. Но опфатот во градот опаѓа, по што и Велес е во таа ризична група.  

 Ова се должи на антивакциналната кампања кој одредени кругови ја спроведуваат во земјава. И тоа ни се случува во градот, додека во околните населени места вакцинацијата е во ред и со висок процент.  Во селата, руралната средина  е 95 проценти, а во Велес е 78 отсто. На ова влијаат и социјалните мрежи преку кои се води оваа кампања. Со овој опфат  градот е ризична средина, според вакцинираните деца од морбили. Велес имаше над 95 отсто, но  десет години процентот опаѓа  во градските средини а резултатот е тоа што ни се случува во Скопје- кажа д-р Билјана Трајкова сци. епидемиолог при ЈЗУ Центарот за Јавно здравје Велес. 

Првата вакцина за МРП детето ја добива на 12 месеци и еден ден а втората на шест години. Но родителите ја одбегнуваат законската обврска да го вакцинираат своето дете и така го заштитат.

Во Велес конкретно дел од невакцинираните деца се родители кои разбираат, се интелектуалци, високо образовани луѓе и мои колеги доктори. Тие родители се организирани и ние се судруваме со еден вид организација. Тоа е група на родители кои веруваат и увериле други дека вакцината од морбили е опасна но нивните деца. Тие сметаат на колективниот имунитет а тој е во опаѓање  - додава д-р Трајкова.  

Епидемии на малите сипаници имаше во соседството во Бугарија, Романија, Србија, по што дојде и во Македонија. Антивакциналната кампања  тврди дека ако бебе се вакцинира на 12 месеци има опасност да се појави одредено заболување.

Тоа со реалноста нема никаква допирна точка, нема совпаѓање. Таков случај не е познат во светот- вели д-р Трајкова.    

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »