речник контакт

Во Велес одбележан Светскиот ден на Црвениот крст (фото)

Годинава мотото на одбележувањето е ,,Насекаде за секого,,

Петар Печков

Велешкиот Црвен  крст го одбележа Светскиот ден на оваа хуманитарна организација. Годинава мотото на одбележувањето е  ,,Насекаде за секого,,.

Тој се одбележува во 190 држави во светот и е избран, поради  родениот ден на Анри Динан, таткото на Црвениот крст.

Црвениот крст е подготвен да помогне секому и секаде, не правејќи никаква дискриминација, расна, полова, верска,  национална и д аја  намени ранливоста на вунерабилната група граѓани. Постојано има предизвици и постојано се случвуа нешто поради кои мораме да ги кориситем капацитетите. Последно нешто беше бегалската криза, претходно еба поплавите во Западна Македонија, поплавите во соседството, во Велес имавме гоелма акција з аопожарена куќа каде што Црвениот крст максимално помогна.  Црвениот крст не е само  собирање  на крв и донирање помош. Тој е тука да помогне во ширењето на човековите вредности пред се  кај младите  луѓе за да се изградат како корисни личности во средината каде живеат. Ние сме како трансмитери на помошта помеѓу бизнис скеторот, држата и кроисниците од ранлчивите категории   - изјави претседатлот д-р Милчо Трајков, кој е претседател и на Републичкиот Црвен крст. 

 Во Општинскито црвен крст Велес  има 2 вработени, 180 волонтери и 300 членови, на републичко ниво состојбата е 130 професионалци и 4 илајди волонтери, додека на светско ниво има 500 илјади вработени, 17 милиони волонтери и 150 милиони помогнати луѓе.   По повод роденденот, Општинскиот Црвен крст додели признанија на институции и поединци, кои помогнале во нивната работа. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »