речник контакт

Во Велес отворени 50-тите Рацинови средби

Кога се Рациновите средби времето не се мери со часови и денови, се мери со стихови, со зборови

Петар Печков

Во Велес беа отворени 50-тите Рацинови средби, по Струшките вечери на поезијата најстара културна манифестација во земајва.  Гостите не штедеа зборови за делото на Кочо Солев, во чија чест се собраа во Велес одбележувајќи половина век постоење.  За Силјан ,,Белите мугри,, се  социјалниот лик на македонскиот човек пред Втората Светска војна.

Кочо Рацин е најсветлата точка на македонската литература во првата половина на дваесеттиот век. Поет од висок формат и интелектуалец со национална визија. Тоа е особено видливо во улогата на народен писател со јасно поставени национални цели. Во неговите ,,Бели мугри,, се  собрани уметничкото и животно искуство. Преку силните пораки на  ова круцијално дело, се отсликува сликата на македонскиот човек – рече Раде Силјан претседател на Друштвото на писателите на Македонија.  

Ниту дождот не ги спречи почитувачите на делото на поетот Кочо Солев Рацин да дојдат и му се поклонат пред неговиот споменик во центарот на Велес.   За отворена манифестацијата ја прогласи првиот човек на општина Велес.

Кога се Рациновите средби времето не се мери со часови и денови, се мери со стихови,  со зборови, со бројот на вртежите на грнчарското колце.  Тогаш просторот нема меѓа, неговата граница е космополитниот свет  на поетот со обединувачка моќ. Затоа ги прибра кај себе,  кај нас, во Велес сите тие  што мислат  искрено и што творат со широко  срце – рече градоначалникот на Велес Славчо Чадиев отворајќи ги средбите.

  Во продолжение се одржа меѓународен поетски митинг а беше промовиран и Алманахот со трудовите од ланската манифестација. Беше отворена и изложба со дела од сите досегашни добитници на  Рациновата награда, како и предмети од керамичката работилница која се одржа минатата година во куќата на Рацин.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »