речник контакт

Во Велес по 13-ти пат фестивал на питата и виното

Јоксимовиќ, Каролина, Љубојна, Ван Гог, ДНК,Нокаут дел од забавата за гостите на Питијадата. Распоред за настап на изведувачите

Петар Печков

Три дена Велес и неговите гости ќе живеат во ритамот на музиката и вкусот на пастрмалијата и виното.  Од петок до недела вечер, во градот по 13-ти пат се одржува манифестацијата ,,Велешка питијада,,.

Организаторот Општина Велес обезбеди добра забава, со учество на 15-тина гости, поделени во три вечери,  со  фолк, поп и рок изведувачи. На бината која ќе биде поставена близу зградата на Гимназијата, на улица Благој Ѓорев ќе настапат познати имиња од македонската но и балканската сцена.  

На Питијадата пријавни биле 40 угостители и винарии, кои ќе бидат поставени на 30 штанда. Одредена е цената по која ќе се продаваат пастрмалија  и чаша вино а таа е на ланското ниво, 130 пита и 40 денари чаша вино.  

Годинава новина е што во сабота, како дел од манифестацијата ќе се одржи изложба на   стари автомобили, ,,олдтајмери,,. Организаторот најавува дека и оваа година ќе се подготви џиновска пита пастрмалија, поголема од ланската, која ќе биде презентирана во сабота  навечер.  

РАСПОРЕД НА НАСТАПИТЕ:

       7.10.2016 год. - ПЕТОК

ЕЛЕНА ВЕЛЕСКА 18:30 -19:30

ЈОРДАН МИТЕВ 19:45- 20:45

МАЕСТРО 20:45- 22:15

ЉУБОЈНА И ЏАМБО А.  22:15- 23:45

КАРОЛИНА ГОЧЕВА 23:45 -01:15

          8.10.2016 год.  САБОТА

АНТОНИЈА ГИГОВСКА  18:15 -18:45

МИКИ СЕКУЛОВСКИ И НАТАША МАЛИНКОВА   18:45 - 20:15

ДАНИ ДИМИТРОВСКА 20:15 -21:15

ТРОПИКО БЕНД 21:15 -22:45

ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ  22:45 - 00:45

        9.10.2016 год. - НЕДЕЛА

THE CHICKS 18:15 -18:45

EYE CUE 18:45 - 19:45

НОКАУТ 19:45 -21:15

ДНК 21:15 -22:45

ВАН ГОГ 22:45 -00:45

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »