речник контакт

Во Велес профункционира електронскиот катастар

Велешани отсега можат во градот да добијат документ за 26 општини во земјава и не мора повеќе да патуваат за да обезбедат имотен лист од друго место

Петар Печков

Одделението за катастар на недвижности во Велес  го   воспостави новиот електронски информациски систем за катастар на недвижности или популарно наречен е-катастар.

Новиот систем, како што информираше портпаролот на катастарот за недвижности, Валентина Стефановска, се спроведува од 30-ти мај така што сите граѓани кои имаат имот во Велес ќе добиваат имотни листови од новиот систем. Со новиот систем, појасни таа, секој граѓанин кој има недвижен имот во катастрите каде е имплементиран системот, може да поднесе барање за добивање имотен лист од Велес или од некое друго од 26-те  катастарски одделенија во земјава  кое е вклучено во електронскиот систем.

Според неа, дополнителна придобивка за граѓаните е тоа што ќе имаат можност за увид во статусот на поднесеното барање преку интернет. 

Цената за катастарската услуга останува иста за граѓаните, а додека големите корисници како што се приватните геодетски фирми, нотарите и извршителите можат по пат на договор да ги користат нашите услуги од нивните канцеларии преку електронски пат, нагласи Стефановска.

Според последните информации откако функционира новиот електронски систем во одделението во Велес се примени 559 барања, од кои издадени се 308 имотни листови, а 86 барања се решени и 165 барања се во фаза на решавање.

Новиот електронски информациски систем за катастарот на недвижности е поврзан со Агенцијата за катастар во Скопје и со тоа се овозможува следење на рокот за завршување на предметите.  Со овој начин на работа, можат да се добијат документи за сите 26 општини, освен за Делчево и Берово каде ќе биде воспоставен овој систем од крајот на месецот, додека единствено Тетово е засега надвор од функција.

 Во првите три дена од работења на електронскиот катастар, во ПЕ во Велес се поднесени 559 барања, издадени се 308, 86 се решени а 165 се во фаза на решавање.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »