речник контакт

Во Велес рачно се изработуваат уникатни мотори (фото)

Тие се дело на фирмата ,,Манрели,, и професорот по ликовна култура Борче Стојанов

Петар Печков

Во Велес рачно  се изработуваат  уникатни мотори,  во работилница се работат на машина а уметник на делови од моторите црта гравури по желба.   Во  средното училиште „Коле Неделковски“  во Велес неодамна  беше отворена изложба на  индустриски дизајн,  на дел од  рачно преработените мотори, каде за прв пат беа претставени овие ретко видени машини, за македонски прилики.

Вакви уникатни мотори изработуваат професорот по ликовна култура  Борче Стојанов и фирмата „Манрели“ од Велес. Ова е нешто ново и несекојдневно на македонскиот пазар, нешто што ретко се гледа.

Тоа  што го гледавме на документарните емисии на каналот „Discovery“ сега стана стварност и кај нас. Фирмата „Манрели“ во сопственост на двајца наши поранешни ученици, машински техничари,  сега врши преработка на фабричките мотори, т.е. изработува „custom“, мотори со дизајн според желбата на сопственикот - истакна професорот Стојанов.

Тој има удел во цртањето на слики, доколку сопственикот  сака да има таков детаљ. За да се реализира еден ваков мотор, потребно е многу труд. време и идеја.

Времето потребно за  изработката на еден ваков примерок на мотор,  зависи  од  дизајнот, од големината на моторот и од желбата на сопственикот. Се работи од некој дел кој го сака купувачот, па до цел мотор – вели Зоран Петровски од машинската работилница ,,Манрели,,.

Тие вакво редизајнирање на моторите изведуваат 15 години. Дел од изработените машини завршиле, продадени  и на странските пазари. Последниот бил во Германија, Харли Девидсон во инди стил.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »