речник контакт

Во Велес ревија на новиот германски филм

Започнува на 21 октомври во салата на новиот театар, влезот бесплатен. Ќе бидат прикажани 6 филма од различни жанрови

Петар Печков

Од  следната среда 21-ви октомври  во Велес ќе бидат  прикажани шест германски филмови од најновата продукција. Ова е во рамките на  единаесетиот Фестивалот на новиот германски филм. Во меѓувреме, Фестивалот зазема посебно место во овдешниот културен живот и претставува доживување за сите љубители и изучувачи на германскиот јазик. И годинава  Германската амбасада ги носи најновите германски продукции на киноекраните во целата земја. Во десет македонски града, меѓу кои и Велес,  ќе се прикажа разноликоста на германската кинематографија.

На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па сѐ до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира дека се погриживме и за разонода на малите, па за нив е случката со едно мало момче кое се впушта во потрага по својот хрчак. Има по нешто за сечиј вкус и за секоја возраст. Убедена сум, дека Фестивалот придонесува за културната размена меѓу Германија и Македонија. Бидете срдечно поканети на 11. Фестивал на новиот германски филм. Сите Bам ни посакувам возбудливи, духовити и забавни часови во македонските киносали  - напиша германската амбасадорка во Скопје,  д-р Кристине Д. Алтхаузер.

Таа изразува срдечна благодарност до н партнерите Прокредит Банка и до Центaрoт за култура во Велес, , кој и годинава, како  многу години наназад , даде придонес за успехот на овој Фестивал.

 Во Велес ќе бидат прикажани следните шест филма: Роден во болка  (крими) на 21 во 20 ч. Феникс (драма) на 22 во 20ч.  На 26-ти ќе бидат прикажани три филма детските Лола на грашокот во 16ч. и Спасете го Ралф во 18ч. додека од 20ч. е трилерот Хакери. На 27 во 20ч. е најавена комедијата ,,300 збора германски,,.   Влезот е бесплатен, но ќе треба посетителите да си подигнат влезници за секој филм претходно, со која ќе можат да присуствуваат на кино проекцијата.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »