речник контакт

Во Велес регистрирани првите три случаи на заболени од корона вирус

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во Македонија денеска до 12 часот изнесува 177 лица

Петар Печков

Министерот за здравство  на неговиот ФБ  излезе со пладневната редовна информација за состојбата со корона вирусот.

Во Македонија се регистрирани 29 нови случаи.  Меѓу нив се и првите три случаи во Велес, така градот после Дебар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Штип станува ново  жариште на корона вирусот. Нови случаи откриени се и во Прилеп, два. 

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

Повќе информации за заболените и како дошло до нивно заразување во неговото обраќање, кое вообичаено се случува околу 15 ч.

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »